Хартијата која се фрла зафаќа речиси најголем простор во депониите. Потребни ѝ се 2-6 недели за распаѓање, што е многу помалку од другите материјали. Но, поради количината подобро е да ја рециклираме бидејќи ќе заштедиме многу простор. Покрај тоа ќе се намали енергијата и консумирањето на природни ресурси кои се потребни за нова хартија.