Посветени сме на целосно исполнување на нашата заложба да обезбедиме високо квалитетни производи, да ги почитуваме клиентите, соработниците и вработените, да обезбедиме здраво и безбедно работно опкружување, здрава животна средина и да бидеме активен чинител во локалната и пошироката заедница. Само на тој начин ќе обезбедиме одржливо работење и одржлив раст за нашата компанија и нашите акционери. Одржливоста на Пејпер Мил ја градиме преку три главни столба: заштита на животната средина, општествена одговорност и грижа за заедницата и грижа за вработените.


Собирањето и користењето на отпадна хартија како суровина го помага решавањето на проблемот со чување на отпадна хартија на корисни површини и учествува во исполнувањето на националните цели на државата за степен на рециклирање на отпаден материјал.
Пејпер Мил користи исклучиво еколошки енергенси – био горива, односно био маса - сончогледови пелети и природен компресиран гас – метан. Фабриката има поставено целосно инсталација и потребни се само мали прилагодувања за да може да го префрли производството на централен гас, кога ќе стане достапен во околината на Кочани. 
