Пејпер Мил Кочани е единствена фабрика за рециклирање на отпадна хартија во Македонија. Фабриката за хартија во Кочани е една од најстарите фабрики во Македонија основана во 1963 година, која се наоѓа на подрачјето на општина Кочани и зафаќа вкупна површина од 80 000 м2.
Во 2016 година фабриката ја презема Групацијата - UNITRADE CLUSTER од Република Бугарија и веднаш по нејзиното повторно отворање започна капиталната реконструкција на производствените капацитети, застарени поради нејзиниот престанок на работа претходните години. Од моментот на рестартирање на фабриката, па сé до денес во неа е вложено повеќе од 8 милиони евра во унапредување на технологиите за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на производите, како и зголемување на капацитетот. Посебен пристап беше направен кон Чистите технологии и адаптација за рециклажа.
Денес фабриката работи 100% рециклажа на хартија со модерна пречистителна станица и користи исклучиво био маса и био гас како основни енергенси. Фабриката поседува А Интегрирана дозвола од Министерство за животна средина на Република Северна Македонија, како и повеќе сертификати за квалитет и екологија. Фабриката ги задоволува капацитетите за рециклажа на целата отпадна хартија на ниво на Република Северна Македонија. Моменталниот капацитет за рециклирање е 15.000 тони отпадна хартија годишно, која Пејпер Мил ја претвора во современи и квалитетни хартиени продукти. Веќе се направени проекти за тројно зголемување на овој капацитет.
Вработените се нашиот највреден ресурс, 120 членови на семејството на Пејпер Мил. Пејпер Мил вработува главно локални професионалци од Кочани на речиси сите работни позиции.
Просечна возраст на вработените е 46,7 години. Најголем дел од вработените, односно 60% се со средно стручно образование, 20% со основно образование, 4% од вработените се со вишо образование, а со високо и магистерски студии се 16% од вработените. Нашите напори се насочени кон постојано обезбедување на соодветни услови за здравје и безбедност при работа, создавајќи сигурна и здрава работна средина, стабилни примања и услови кои овозможуваат нашите вработени да се чувствуваат задоволно и сигурно.
Едукациите и обуките за сите вработени се составен дел од работењето на Пејпер Мил, а транспарентноста и правичноста кои се темелат на взаемно почитување и еднаквост се основната одлика и вредност на секој член од нашиот тим.
Пејпер Мил Кочани е член на Групацијата Унитрејд Кластер од Бугарија чија главна дејност е управување со отпад и рециклирање. „Unitrade cluster“ Ltd е основана во 2013 година. Компанијата доби финансирање од ЕУ во рамките на Оперативната програма „Конкурентност“ 2007-2013 за развој на својата активност во управувањето со и рециклирање на отпад. Главната активност на кластерот е собирање (од точката на потекло), транспорт, складирање, предтретман, рециклирање (регранулација) на отпадот од пластика и најлон и нивно понатамошно процесирање на пазарот во форма на материјал за рециклирање за производство на стоки од полиетилен регранулат.
Кластерот се состои од седум компании, кои тесно соработуваат во споделувањето на знаења и технологии од областа на управувањето со отпадот и сите имаат одлична репутација. „Unitrade cluster” Ltd е холдинг-компанија за следните компании: „Unitrade 2002” Ltd, “Vadias” Ltd, “MKD-69” Ltd, “Unitrade 2011” Ltd, “Vadias Trade” Ltd, „Unitrade Eko“ Ltd и „Max Trade Sped“ Ltd. Создавањето на кластерот е со цел да се овозможи деловна соработка и стимул за развој на средствата, технологијата и инфраструктурата и обезбедување на здружени инвестиции, што се најсилните конкурентни предности на кластерот, невозможни за единствена компанија.
Покрај тоа, регионалната концентрација на членовите на кластерот и релативната близина на други економски фактори, важни за секторот, го олеснуваат создавањето на други синергии, како што е поефективната употреба на квалификувана работна сила и зголемувањето на веќе стекнатиот удел на пазарот. Регионалното значење на кластерот Unitrade има повеќе насоки и е директно поврзано со собирање, транспортирање и рециклирање на отпад, што е прашање од голема социјална и еколошка важност. Во тој контекст, членовите на кластерот се насочуваат кон управување, поставувајќи ги следниве важни цели:
Unitrade 2002
Унитрадед 2011
Unitrade Eco
MKD-69
Vadias
Max Sped Trade
За повеќе информации посетете ја веб страницата: http://www.unitrade2002.com/unitradeeco.html
Пејпер Мил Кочани соработува со бројни компании и деловни партнери во Република Северна Македонија, од кои фабриката купува услуги од различни области – логистички услуги и транспорт, суровини потребни за оперативно работење на фабриката, откуп на хартија, набавка на енергенси и електрична енергија, одржување на механизација, потребни градежни работи и други поголеми и помали набавки. Со ова, Пејпер Мил вклучува активно ги вклучува во својот систем на работење локалните компании, со што директно влијае врз одржливост на други индустрии и развој на локалното стопанство. Отворени сме за нови можности и ширење на нашата мрежа на соработници и пријатели. Во 2020 година Пејпер Мил има остварено соработка со македонски компании во вредност од над 2,8 милиони евра.
Постојано ги следиме методите и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси. Тука нудиме поедноставен пристап на сите заинтересирани за пополнување на слободни работни места и искажување интерес за вработување во Пејпер Мил. Вашето аплицирање и претставување на оваа станица ќе ни овозможи побрз и поефикасен увид во вашите стручни и профисионални квалификации, преку кои можете да станете дел од тимот на Пејпер Мил.
Доколку сте заинтересирани за работа во оваа индустрија и доколку сметате дека со вашето искуство можете да придонесете за наш континуиран раст и развој, Ве молиме аплицирајте преку подолу прикажаната форма или испратете ваша куса биографија на е-маил: office@paper-mill.eu.
Пејпер Мил нуди конкурентен надоместок согласно квалификациите на кандидатот, можности за обуки, дообуки и дополнителна едукација, опрема и обуки за безбедно работење, сигурна и продуктивна работна средина со можности за професионално и лично надградување и напредување.